Карацев: Сакам да се соочам со Федерер!

Карацев: Сакам да се соочам со Федерер!

пред 3 години

Рускиот тенисер Аслан Карацев (27) кој неодамна на АТП турнир во Белград го совлада моментно најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ има голема желба да одигра меч против неговиот идол од детството – Роџер Федерер.

Иако швајцарскиот ас полека попушта со формата, пред се поради повредата, но и поради годините (за 3 месеци ќе наполни 40), сепак рускиот тенисер верува дека Федерер има што уште да му понуди на светскиот тенис.

Карацев сака пред Федерер да замине во „пензија“ да одигра меч против него.

„Ги сакам Агаси и Сампрас, кога тие заминаа го гледав Федерер. Неговата игра не може да се спореди никој од претходните. Не само што ми остана идол, сакам да играм против него. Од детството го гледав, затоа сакам да се соочам со него“ рече Карацев.

Федерер од јануари минатата година одигра само еден турнир, во Доха, а следниот на кој би требало да се појави е оној во Женева.

„Феноменално е да се игра со 39 години. Не знам како ја одржува формата, тоа е реткост. Неверојатно е како се движи на теренот“ додаде рускиот тенисер.

Share
Scroll to Top