Карлитос со гол и ретро-дрес се прости од Марадона

Карлитос со гол и ретро-дрес се прости од Марадона

пред 4 години

Бока јуниорс со голот на Карлос Тевез го мина осмина-финалето во Копа Ливертадорес. Бока јуниорс победија 1:0, во Порто Алегре, кај Интернасионал.

Карлитос единствениот гол го постигна во 63.минута. Очекувано, голот му го посвети на својот идол, Диего Марадона, кој почина на 25.ноември.

Тевез голот го прослави во дрес на Бока, кој Марадона го носел во 1981 година. Карлитос на капитенската лента го имаше ликот на легендарниот Марадона.

 

Share
Scroll to Top