Поранешниот италијански фудбалер, Антонио Касано, жестокот го критикувал Кристијано Роналдо за неговиот настап на натпреварот против Порто, во Лигата на шампионите.
Фудбалерите на Порто ги искористија подароците што ги добија и славеа со 2:1.
„Тој во просек постигнува гол по натпревар, но тешко му е да ги разбере идеите на Пирло. Секогаш е себичен, не е заинтересиран некој друг да постигне гол, секогаш мисли само на себе. Не живее за натпреврот, туку живее за тоа да постигне гол, во овој момент тоа ја влошува ситуацијата“, жесток бил во коментарот, Касано, во ТВ шоуто на Кристијан Виери.