Каљехон е замената за Киеза во Фиорентина

Каљехон е замената за Киеза во Фиорентина

пред 4 години

Хозе Каљехон е новото засилување на Фиорентина како човек кој треба да го замени Федерико Киеза и да го намали бесот на навивачите кон управата на клубот за продажбата на Киеза, но и кон самиот млад Италијанец кој веќе почна да добива невкусни пораки преку социјалните мрежи.

33-годишниот Каљехон доаѓа од Наполи и според италијанските медиуми добива двегодишен договор на „Артемио Франки“.

„Ја сакам Фиорентина, а Фиренца е прекрасен град. По Наполи, најважно беше моето семејство да остане во Италија, за мене и за моите деца. Сакам да го дадам максимумот за клубот и навивачите“, изјави Каљехон.

Share
Scroll to Top