Кежман: Пријател ми кажа дека сакале да ме киднапираат

Кежман: Пријател ми кажа дека сакале да ме киднапираат

пред 21 час

Познатиот српски напаѓач и репрезентативец Матеја Кежман за првпат јавно проговори за неговото киднапирање, кое било планирано, но за среќа не било извршено.

Кежман гостуваше во емисијата „(Не)успехот на шампионот“ кај водителот Мирза Џомба и разговараше за периодот од 2003 година.

„Слетав од Кардиф во Амстердам по натпреварот со репрезентацијата. Двајца инспектори ме извадија директно од авионот. Ме фати паника бидејќи не знаев што се случува. Еден пријател ме чекаше во полициска станица. Ми објасни дека случајно дознале за планот за киднапирање и дека го известиле клубот. Дојде и Гус Хидинк, ми кажал дека клубот е со мене и дека сите се во шок“, се присети Кежман и додаде:

„Имав обезбедување седум-осум месеци. Беше морничаво, како да живееш во кафез. Колку што разбрав, сакаа да го уценат ПСВ со киднапирањето“.

Кежман за ПСВ Ајндховен играше од 2000 до 2004 година. Во наведениот период одигра 122 натпревари, постигна 105 голови.

Share
Scroll to Top