Иако се сметаше за вистински подвиг што Барселона успеа да ги убеди слободните агенти Франк Кеси и Андреас Кристенсен да потпишат за каталонскиот клуб, тие веќе од сабота може да се слободни играчи доколку клубот не успее да ги регистрира пред првиот меч од сезоната против Рајо Валјекано, тврди „ЕСПН“.
Кристенсен дојде од Челси, а Кеси од Милан по крајот на нивните договори, но поради стрикните правила на шпанската Ла лига за финансиски ферплеј, тие уште не можат да се регистрирани, а во своите договори имаат клаузула која им дозволува да заминат бесплатно. Роберт Левандовски, Рафиња и Жил Кунде, како и „обновените“ Серхи Роберто и Усман Дембеле исто така не се регистрирани, но нивната ситуација е поинаква бидејќи Кеси и Кристенсен пристигнаа бесплатно.
Претседателот на клубот, Жоан Лапорта инсистира дека сите засилувања ќе бидат регистрирани пред стартот на сезоната, а во најлош случај Барселона ќе се обиде да ги убеди агентите на фудбалерите да „почекаат“.