Клиперси ја добија битката за ЛА, Вестбрук се доближи до рекордот на Робертсон

Клиперси ја добија битката за ЛА, Вестбрук се доближи до рекордот на Робертсон

пред 3 години

Градското дерби на Лос Анџелес им припадна Клиперси. Актуелните шампиони Лејкерси, без Леброн Џејмс доживеаја пораз 94:118. Индивидуално, изминатата ноќ во НБА ја обележа Расел Вестбрук. Бекот на Вашингтон го забележа 180. трипл-дабл во кариерата. Еден меч со ваква статистика го дели од апсолутниот рекорд на Оскар Робертсон.

Клиперси со тимска игра дојдоа до победата над Лејекрси. Седум кошаркари постигнаа двоцифрен број на поени. Најефикасен беше Пол Џорџ со 24 поени, седум скока и пет асистенции. Лејкерси ги предводеше Кајл Кузма со 24 поени.

Со оваа победа Клиперси се искачија на третото место на табелата во Западната конференција, Лејкерси се на шесттото место. Доколку ги задржат овие позиции и во последните пет натпревари тогаш Клиперси и Лејкерси ќе се сретнат во првата рунда во плејофот.



Вашингтон Визардс, по едно продолжение, го победија Торонто со 131:129. Торонто со овој пораз останаа без шанси за пласман во плејофот.

Расел Вестбрук мечот го заврши со 13 поени и по 17 скокови и асистенции. Вестбрук го забележа шесттиот трипл-дабл на последните седум натпревари. Во кариерата тој забележал 180 трипл-дабл натпревари. На вечната листа еден повеќе има Оскар Робертсон.

Share
Scroll to Top