Клиперс создадоа сектор само за „хардкор фанови“

Клиперс создадоа сектор само за „хардкор фанови“

пред 1 месец

Феникс Санс го победи Лос Анџелес Клиперс со 116-113 по продолжение во средата вечерта по средноевропско време. Тоа беше прва средба за двата тима во новата сезона во НБА во салата Intuit Dome.

Но, новата сала не е единствената иновација. Имено, Лос Анџелес Клиперс решија да издвојат еден сектор на трибините зад кошот и го нарекоа Ѕид. Тој е, како што велат, резервиран само за хардкор фанови. Американските медиуми пишуваат дека сопствениците сакаат да внесат шмек на европско навивање на натпреварите во НБА.

Што е Ѕидот?

Стив Балмер, сопственик на Клиперс, го замислил Ѕидот како „најлудиот сектор во сите американски спортови“. Секторот има 51 ред, а првите 13 се резервирани исклучиво за навивачите кои ќе стојат за целиот натпревар. За да се купи билет за тој дел од секторот, потребно беше да се помине клупскиот тест, односно да се добие одобрение од Клиперс.

Во првите 13 реда, кои имаат вкупно околу 300 седишта, забрането е да се навива за ривалскиот тим. Клубот вработи специјален воведник кој само ќе се погрижи на таа трибина да нема навивачи со карактеристики на ривалските клубови.

Share
Scroll to Top