Клоп: Голманот на Брентфорд треба да носи „десетка“ на дресот

Клоп: Голманот на Брентфорд треба да носи „десетка“ на дресот

пред 3 години

Јирген Клоп, менаџеорт на Ливерпул, по лудото реми со Брентфорд (3:3), изјавил дека неговиот тим можел да постигне повеќе голови, но дека противникот го заслужил бодот.

„Луд натпревар. Тие заслужија да постигнат три гола. Ние? Можевме повеќе“, рекол Клоп.

„Не ни претставува проблем да го прифатам овој резултат кога се игра ваков фудбал. Победата мора да се заслужи. Тие ни пружија отпор, го почитувам тоа. На крајот, имаше ситуации во кои требаше да реагираме многу подобро, во тој случај натпреварот ќе имаше поинаков тек. Нивниот голман треба да дресот да ја носи ‘десетката’. Одигра неколку неверојатни топки, тоа беше вистинска тактика против нас. Нема причина да се жалиме“, рекол Германецот.

По шест кола во Премиер лигата, Ливерпул е единствениот тим беа пораз. Со 14 бода, Ливерпул е лидер на табелата.

Share
Scroll to Top