Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп рече дека „никогаш нема главоболки поради добрите игри на неговиот тим“ откако синоќа „црвените“ ја згазија Аталанта сред Италија со високи 5-0.
Стрелец на тој меч за Ливерпул беше Диого Жота кој се најде во составот на местото на Роберто Фирмињо. Португалецот на 10 меча сезонава постигна 7 гола и се наметнува за стандарден влез во првата постава.
„Важно е дека имаме можноста да одбираме повеќе од 11 играчи, а Диого имаше супер меч. Логично беше да ја искористиме неговата добра форма, а поради начинот на кој Аталанта се брани, знаевме дека неговата вештина ќе помогне“ изјави Клоп за „ББС“.
Само Мо Салах сезонава е поефикасен од Жота, тој има 9 погодоци. Фирмињо пак само еднаш се запиша во листата на стрелци на 10 меча.
„Никогаш нема, главоболки поради добрите игри на тимот, но светот понекогаш е лошо место. Да не беше Фирмињо со нас, немаше да сме во ЛШ, а сега морам да објаснувам зошто тој не е во тимот“ наведе Клоп.