Клоп и Солскјер бираат: Роналдо или Салах?

Клоп и Солскјер бираат: Роналдо или Салах?

пред 2 години

Пред големото англиско дерби помеѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул на „Олд Трафорд“, менаџерите на двата клуба не сакаа да бираат меѓу Кристијано Роналдо и Мохамед Салах, иако нормално секој си го поддржа својот играч.

Клоп вели дека не може да се споредуваат кариерите на двајцата играчи, но оценува дека Салах е подобар во ударите со левата нога, додека Роналдо е посилен во воздухот, додека Солскјер изјави дека секогаш ќе го поддржува „својот човек“.

„Зошто да ги споредуваме, двајцата се играчи од светска класа. Би кажал дека левата нога на Мо е подобра, додека Кристијано е подобар во воздушните дуели и можеби со десната нога. Брзината? Двајцата се брзи и очајни по голови, но нема да ги споредувам, извинете“, изјави Клоп.

Салах има 12 гола во 11 меча за Ливерпул оваа сезона, од кои два неверојатни соло-голови кои предизвикаа самиот Клоп да изјави дека нема подобар играч на денешницата од него. Роналдо, пак, има 6 гола во Манчестер јунајтед оваа сезона, вклучувајќи два драматични голови за победа во ЛШ против Вилјареал и Аталанта.

„Секогаш би го поддржувал Кристијано во секое натпреварување. Тој е уникатен и има неверојатен број на голови. Секако, Салах е во добра форма во моментов и кога ќе ги видите головите кои ги постигна во последно време, знаете дека мора да го чувате добро. Такви играчи не се наоѓаат лесно и мора да уживаме да ги гледаме оддалеку, иако не во недела, тогаш ќе се блиску. Нападот на Ливерпул е за почитување со Мане и Фирмино, а тука е и Жота“, вели Солскјер.

Share
Scroll to Top