Клоп по тешкиот пораз: Поголем дел од мечот бевме брилијантни!

Клоп по тешкиот пораз: Поголем дел од мечот бевме брилијантни!

пред 3 години

Јирген Клоп го шокираше новинарот при интервјуто по 1:4 поразот од Манчестер сити, кој најверојатно става крај на надежите за одбрана на титулата од Премиер лигата со тврдење дека „црвените“ поголем дел од мечот биле „брилијантни“.

„Поголем дел од мечот бевме навистина брилијантни, игравме многу добар фудбал. Гледам во вашите очи дека не мислите така. Ми се допаѓаше многу нашата игра во првото полувреме. На стартот на второто, Сити го сменија ситемот и не си дадовме доволно шанси за игра и го подаривме првиот гол. Израмнивме и потоа изгледеше дека сме блиску до победа, но направивме две големи грешки, сите го видоа тоа. Потоа, тргнавме надолу и тоа е тоа. Но, перформансите беа навистина добри поголем дел од мечот. Навистина добри. Ако играме почесто вака нема да заостануваме 10 поени зад Сити. Нема објаснување за грешките на Алисон. Можеби имаше трема. Тоа звучи смешно, но можеби е така. Али не спаси толку многу пати, а денеска направи две грешки, така е тоа во фудбалот“, вели Клоп.

„Тотален колапс“ на Ливерпул, Пеп Гвардиола првпат победи на „Енфилд“

Share
Scroll to Top