Клоп: Против Јунајтед мораш да си врвен, овојпат не бевме

Клоп: Против Јунајтед мораш да си врвен, овојпат не бевме

пред 3 години

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп вели дека неговиот тим не играл на потребното ниво да се совлада Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ по 3:2 поразот во трилер-мечот од четвртото коло на ФА купот.

Мо Салах постигна два гола против лутите ривали, но човекот на мечот беше Бруно Фернандеш во 78. минута со фантастичен гол од слободен удар. Клоп вели дека бил задоволен од дел од перформансите, но додава дека направиле многу грешки.

„Имаше многу добри работи и некои лоши грешки околу голот. Ако сакате да победите тука морате да сте на врвот, а ние не бевме денеска. Првиот гол не го заштитивме, и такви рабои не треба да се случуваат. Мислам дека можеме да научиме од овој пораз. За Мо Салах беше добро, за неговата самодоверба. Имавме проблеми во контранападите, а не ги искористивме нашите шанси најдобро“, вели Клоп, кој уште ја чека својата прва победа над лутите ривали на „Олд Трафорд“.

Ливерпул имаат само една победа во последните седум меча, 4:1 победа над Астон вила во претходното коло од ФА купот, а веќе во четврток играат со Тотенхем.

 

Share
Scroll to Top