Фудбалскиот ас на Фиорентина, Душан Влаховиќ (21) е на листата на желби на челниците на Ливерпул.
Англиските медиуми пренесуваат информација дека Клоп е сериозно заинтересиран за услугите на Србинот, а „црвените“ се подготвени да достават и конкретна понуда, и тоа што побрзо, затоа што тој е мета на повеќе европски клубови.
Клоп сака да го освежи нападот на екипата, а младиот голгетер влегува во неговата концепција. Проблем може да претставува само цената. Договорот на Влаховиќ со Фиорентина има важност уште две години, а „виолетовите“ ќе бараат околу 60 милиони евра за да го пуштат од Фиренца.
Зад фудбалерот е одлична сезона во Серија А со 21 постигнат гол и 2 асистенции. Беше четврти стрелец во првенството зад Роналдо, Лукаку и Муриел.
Пред неколку дена беше прогласен за најдобар млад играч во Серија А, а освен Ливерпул сериозно заинтересирани за него се и Рома, Милан, Јунајтед и неколку клубови од Германија.