Ливерпул не прашува за цена – Клоп наредното лето ќе тргне по Белингем

Ливерпул не прашува за цена – Клоп наредното лето ќе тргне по Белингем

пред 3 години

Ливерпул, наредното лето би можеле да го урнат клупскиот трансфер рекорд. Прва мета, во преодниот рок во 2022 година, ќе им биде англискиот репрезентативец Џад Белингем. Белингем е играч на Борусија од Дортмунд.

Џад Белингем, пред две сезони, за сума од 30 милиони евра, го напушти Бирмингем и се пресели во Дортмунд. Иако има само 19 години, покажува дека може да израсне во еден од најдобрите играчи во светот, на својата позиција.

Интерес за Белингем покажува и Манчестер јунајтед, дури и сер Алекс Фергусон се обидувал да го убеди да се пресели на „Олд Трафорд“, меѓутоа Ливерпул била желбата на фудбалерот.

Белингем сакал да игра во Ливерпул поради својот идол Стивен Џерард.

Инаку, менаџерот Јирген Клоп, сметал дека Белингем ќе биде идеална замена за Жожињо Вајналдум, кој ова лето го напушти клубот.

Менаџерот, според англиските медиуми, ги убедил газдите да потрошат помеѓу 80 и 85 милиони фунти за овој трансфер. Тоа значи дека Клоп е подготвен да го урне клупскиот рекорд, кој го постави Вирџил Ван Дајк, кога за 75 милиони фунти пристигна од Саутемптон.

Share
Scroll to Top