Ковачиќ ќе го пропушти полу-финалето во ФА купот

Ковачиќ ќе го пропушти полу-финалето во ФА купот

пред 3 години

Матео Ковачиќ ќе го пропушти полу-финалето во ФА купот, против Манчестер сити. Дуелот на овие два тима ќе се одигра во сабота, на Вембли.

Хрватскиот репрезентативец, се повредил синоќа, во текот на загревањето за дуелот со Порто, во Лигата на шампионите. На неговото место влезе Нголо Канте.

„Ненадејно се случи, на загревањето, станува збор за повреда на мускулот. Жал ми е, ние имаме малку играчи со толкаво искуство во Лигата на шампионите“, рекол менаџерот на Челси, Томас Тухел.

Челси, доживеаја пораз од Порто (0:1). Сепак се пласираа во полу-финалето, благодарение на победата 2:0 во првиот меч.

Екипата на Тухел, во полу-финалето ќе игра против Ливерпул или Реал Мадрид.

Share
Scroll to Top