Кога игра Бензема Реал победува

Кога игра Бензема Реал победува

пред 3 години

Реал Мадрид успешно го мина гостувањето во Виго. Во рамките на 28.коло, Реал ја победи Селта со 3:1. Блескаше уште еднаш Карим Бензема со два гола и асистенција.

Реал одигра одлични 30 минути на „Балаидос“. Во тој период изнудија две греки на потесната одбрана на Селта, кои го казни Бензема со головите во 20. и 30.минута.

По вториот гол Селта започна да игра, до крајот на полувремето Санти Мина успеа да го намали резултатот.

Во вториот дел, Реал им ја препушти играта на домашните фудбалери, а своите шанси ги чекаше преку контранападите.

Повторно по киксот на домашаната одбрана Бензема имаше шанса, но разлика од претходните две ситуации овој пат Виљар го одбрани неговиот удар.

Селта имаше два добри обиди преку Јаго Аспас. Првиотудар му го одбрани Куртоа, а вториот кога веќе голамнот на Реал беше совладан, заврши во дирекот.

На истекот на натпреварот, Бензема повлече контра, му асистираше на Марко Асенсио, кој го постави конечниот резултат.

Share
Scroll to Top