Кога патиките се поважни од тркачот – Кандие со светски рекорд во полумаратон

Кога патиките се поважни од тркачот – Кандие со светски рекорд во полумаратон

пред 3 години

Кениецот Кибивот Кандие влезе во историјата со поставување на нов светски рекорд во полумаратонот, кој паѓа во сенка во „војната“ помеѓу ривалските производители на тркачки патики.

Кандие беше првиот човек кој истрча под 58 минути во еден маратон, со време од 57:32 во Валенсија, соборувајќи 29 секунди од рекордот над Џефри Камворор од минатата година, во трка во која најмногу внимание предизвикаа неговите нови тркачки патики „Adidas Adizero Adios Pro“.

Во овие патики на германската компанија има 39 милиметри пена, но и пет карбонски „енергетски“ прачки, кои го симулираат движењето на метатарсалните коски во стапалото и претставуваат најнова технологија по критиките на Светската атлетика за дозволување на технологијата за трчање на „Најк“.

„Најк“ ги презентираше „Alphafly Next“ патиките како најбрзи на светот, откако Елиуд Кипчоге постави светски рекорд во маратонот, а во октомври ја претставија следната генерација  „ZoomX Dragonfly“, патики со кои Џошуа Чептегеи го сруши машкиот рекорд на 10.000 метри на тартан, и со кои Летесенбет Гидеј го постави новиот светски рекорд на 5.000 метри. Двете верзии на патиките имаат карбонски плочки и уникатна пена, едни модифицирани за улични трки, а други за трки на тартан.

Во неделата исто така, Светската атлетика (поранешната ИААФ) потврди дека се трнати сите забрани за прототипи на патики на барање на производителите, со што може да се дојде до нова технолошка „војна“ меѓу „Адидас“ и „Најк“.

Share
Scroll to Top