Барти со трета титула во 2021 и со ново „Порше“

Барти со трета титула во 2021 и со ново „Порше“

пред 3 години

Светската тенисерка број 1, Австралијката Ешли Барти се врати од сет негатива за да ја освои својата трета титула во 2021, победувајќи ја Белорусинката Арина Сабаленка со 3:6/6:0/6:3 во финалето во Штутгарт.

Таа победи три топ 10 тенисери на патот до титулата и трипати се враќаше од сет негатива за да стигне до новиот лускузен автомобил „Порше“.

Ова беше вкупно 11-та титула во кариерата на Барти само втора титула на земја откако победи на Ролан Гарос во 2019 година, кога ја освои првата гренд слем титула. Таа ова година победи и на Јара Класик во Мелбурн и на Мајами опен.

Сабаленка имаше фантастичен старт на мечот, спасувајќи три брејк топки за да го освои првиот сет со 6:3. Во вториот сет, пак, Барти ја искористи нестабилната игра на белоруската противничка за да израмни со 6:0. Во третиот сет, Барти се соочи со три брејк топки во маратонскиот гем при 4:2, но на крајот стигна до победата.

Share
Scroll to Top