Коку доби отказ, Вејн Руни е привремен тренер на Дерби

Коку доби отказ, Вејн Руни е привремен тренер на Дерби

пред 3 години

Англиската фудбалска легенда Вејн Руни е нов преоден менаџер на Дерби каунти по шокантниот отказ кој го доби холандскиот тренер Филип Коку.

35-годишниот Руни ќе го преземе водството на тимот заедно со Лајам Росениор, откако целиот тим на Коку беше отпуштен, но не се очекува дека Руни ќе ја добие постојано оваа работа.

„Жал ми е за Филип и за неговиот тим, но сакам да му заблагодарам лично за работата која ја направи за мене и за клубот. Најважно е да го стабилизираме клубот и да се придвижиме на табелата“, вели Руни.

50-годишниот поранешен фудбалер на Барселона, Коку го презеде клубот во јули 2019, но Дерби се на последното место на табелата во англиската втора лига (Чемпионшип) со само една победа во 11 меча.

Дерби пак, е во преговори за продажба на клубот на Халед Бин Зајед Ал Нехајан, кој се верува дека го преферира Џон Тери, кој работи како помошник тренер во Астон вила, како постојано решение.

Share
Scroll to Top