Коларов одбил да влезе во игра против Шкотска

Коларов одбил да влезе во игра против Шкотска

пред 3 години

Фудбалската репрезентација на Србија доживеа фијаско против Шкотска, не успеа да се пласира на Европското првенство. Србите последен пат на ЕУРО играле пред 20 години.

Главната тема во италијанските и српските медиуми, неколку дена по тој натпревар е Александар Коларов.

Капитенот на Србија на подготвките на репрезентацијата призтигнал повреден. Српските медиуми пишуваат дека неколу часа пред натпреварот Интер со допис побарале Коларв да не игра. Поради тоа на неговото место во последната линија заигра Немања Гудељ.

Од друга страна нивните италијански колеги тврдат клубот на Коларов, во ниту еден момент не побарал од Србите, фудбалерот да не игра.

Инаку, иако не играл, селекторот на Србија сакал да го внесе Коларов во игра, во 119 минтута, за да шутира еден од пеналите. Како што пишува „Спортски журнал“, Коларов одбил да влезе во игра.

Шкотска ја доби пенал-серијата со 5:4 и се пласира на ЕУРО 2021.

Share
Scroll to Top