Коларов си оди од Интер, го бараат во Галатасарај?

Коларов си оди од Интер, го бараат во Галатасарај?

пред 3 години

Поранешниот капитен на Србија, Александар Коларов (35) се чини дека сигурно летоска ќе го напушти Интер, а пишуваат италијанските медиуми.

Србинот е на „Џузепе Меаца“ од септември 2020 година, но одигра малку мечеви во „сино-црниот“ дрес. Проблем за „Нерозурите“ е и неговата висока плата – 3 милиони евра по сезона.

Се чини дека Конте довербата во дефанзивецот ја загуби по есенското дерби со Милан, каде Златан Ибрахимовиќ му правеше многу проблеми.

После тоа, Коларов добива премали шанси за настап во сите конкуренции и натпреварувања, а Бастони е првата опција во тимот.

Неодамна се споменуваше можност за негов трансфер во Болоња, кај Синиша Михајловиќ, но засега нема конкретен напредок во тој правец.

За српскиот интернациoналец заинтересираност покажува турски Галатасарај.

Share
Scroll to Top