Колумбија остана без домаќинството на Копа Америка

Колумбија остана без домаќинството на Копа Америка

пред 3 години

Фудбалската конфедерација на јужна Америка (КОНМЕБОЛ), објави дека Колумбија, наредниот месец, нема да биде домаќин на Копа Америка. Колумбија заедно со Аргентина се ко-домаќини на шампионатот на Копа Америка.

Колумбија побара од КОНМЕБОЛ, турнирот да го одложи за ноември оваа одина, бидејќи во земјата има масовни протести против претседателот Иван Дуке. Министерот за спорт на Колумбија, на новинарите им рекол дека КОНМЕБОЛ го одбиле нивното барање и дека „наредните денови ќе биде донесена одлуката која држава ќе го преземе домаќинството од Колумбија“.

Протестите во Колумбија започнаа на 28.април, откако претседателот Дуке се обиде да ги згоелми даноците. И покрај тоа што тој по неколку дена го повлече предлогот, демонстрантите останаа на улиците.

Демонстрантите сега бараат реформи во здравствениот и образовниот систем и реализиција на мировниот договор со бунтовниците потпишан во 2016 година.

Share
Scroll to Top