Вечерва на СП во Катар ќе бидат формирани две нови осминафинални двојки. На програмата се натпреварите од последното коло во групите Е и Ф.
Натпреварите во Е групата ќе се играат од 20 часот. Шпанија за противник ја има Јапонија, а Костарика ќе се пресмета со Германија.
Шпанците се во најдобра позиција, бод им е потребен за да бидат сигурни осминафиналисти. За останатите селекции има неколку комбинации. Сепак најреално е Шпанија да ја победи Јапонија, а Германија да слави против Костарија, што значи дека европските репрезентации би играле во нокаут фазата.
Табела: Германија 4, Јапонија 3, Костарија 3, Германија 1.
Натпреварите во Ф-групата ќе започнат во 16 часот. На прграмата покрај европското дерби Хрватска-Белгија ќе биде и дуелот Мароко-Канада. Со исклучок на Канада останатите три репрезентации имаа реални шанси за пласман во осминафиналето.
Хрватска и Мароко со четири бода се во подобра позиција од Белгија која има три бода. Канада во оваа група е последна без освоен бод.