Конте не верува дека Реал и Гладбах ќе се договорат да ги исфрлат Интер

пред 3 години

Тренерот на Интер, Антонио Конте се надева дека никој не верува дека Реал Мадрид и Борусија Менхенгладбах ќе се договорат за реми во одлучувачкиот меч од Лигата на шампионите со што би ги уништиле шансите на неговиот тим, бидејќи се работи за „ЛШ, а не за кафеанско натпреварување“ На Интер им е потребен победник на утрешниот меч на „Естадио Алфредо ди Стефано“, за со победа над Шахтјор да се пласираат во осминафиналето на ЛШ. Со реми меѓу Реал и Борусија, двата тима одат понатаму. „Реалноста вели дека мораме да победиме против одличен тим каков што е Шахтјор, и мораме да мислиме само на победа. За другите работи не се грижам. Зборуваме за Лигата на шампиони и за големи клубови, а не за кафеанско натпреварување. Се надевам дека никој нема да оди со оваа депресивна приказна. Во фудбалот, на ова ниво, сите одат на победа“, вели Конте.

Share
Scroll to Top