Антонио Конте признава дека е несигурен за својата иднина на клупата на Интер, но посочува дека е фокусиран на сезоната во Серија А каде што се лидери и фаворити за титулата.
„Нераѕурите“ ги пречекуваат Аталанта на „Сан Сиро“ во важен меч за оддржување на предноста на табелата, но неизбежно беше прашањето за продолжување на договорот на тренерот и покрај несигурноста на сопственичката структура на Интер, откако „Сунинг“ групацијата призна дека е потребна надворешна инвестиција во клубот.
„Имам уште една година од мојот договор, но во моментов не смееме да бидеме опседнати со други работи. Да се фокусираме на сегашноста, до крајот на сезоната. Не знам и не можам да замислам што ќе се случи однадвор. Сфаќам дека вие новинарите сакате да зборувате за тоа, но ние се фокусираме на следните мечеви и да бидеме безмилосни во тоа“, вели Конте.