Конте: Смешно е што се пишува за недостатокот на играчи во Реал

Конте: Смешно е што се пишува за недостатокот на играчи во Реал

пред 3 години

Милански Интер и мадридски Реал утре на „Џузепе Меаца“ го играат натпреварот од 4-тото коло во Лигата на шампиони. Пред 3 недели, Реал славеше со 3-2 во Мадрид и сега „Кралевите“ се први на табелата со 2 бода предност пред „нероазурите“.

„За нас овој меч е финале. Ја знаеме историјата на Реал, но не само минатото, туку и сегашноста. Знаеме дека немаме многу опции, туку дека мора да извлечеме поволен резултат. Покажавме и порано дека може да сме фокусираи и да победиме“ рече тренерот на Интер, Антонио Конте.

Тој на првиот натпревар меѓу овие две екипи сезонава се соочи со недостаток на првиот напаѓач Ромелу Лукаку, а сега Реал е соочен со проблеми кога повредите се во прашање. Ги нема Бензема, Валверде, Одриозола и Рамос, а позитивни на коронавирусот се Милитао и Јовиќ.

„Мислам дека Реал не смее да плаче поради играчи што недостасуваат. Имаат многу добри играчи. Она што медиумите го пишуваат за недостатокот на играчи во Реал е смешно“ заклучи Италијанецот.

Share
Scroll to Top