Конференциска лига: Макаби и Олимпијакос нема да играат во Бачка Топола

Конференциска лига: Макаби и Олимпијакос нема да играат во Бачка Топола

пред 9 месеци

Ждрепката за осминафиналето на Конференциската лига на УЕФА, ги спои Макаби Тел Авив и Олимпијакос.

Израелскиот и грчкиот клуб, оваа сезона играа на стадионот во Бачка Топола, Србија. Олимпијакос беше во групата со ТСЦ во Лига Европа. а Макаби поради состојбата во Израел играше како домаќин на овој стадион.

Сепак нивниот меѓусебен дуел на стадионот ТСЦ е неизвесен, иако од Нион беше најавено дека Макаби ќе му биде домаќин на Олимпијакос во Бачка Топола на 14 март.

Официјалните лица во двете земји навестуваат дека натпреварот ќе биде преместен во Унгарија, бидејќи оваа земја може да ја гарантира безбедноста на навивачите од Израел. Ваквиот развој на настаните го иницираше објавата на Владата на Србија, која го известила Макаби дека не е подготвена за организација на ваков натпревар.

Макаби беше домаќин на Бачка Топола во два натпревари во групата на Конференциската лига.

Најпрвин на 25 ноември минатата година со 3:2 ја победи украинската Зорја, а потоа во последното коло на стадионот ТСЦ Макаби славеше и шротив Гент.

Двата меча се одиграа без публика.

Олимпијакос доаѓаше во Бачка Топола на мечот од второто коло во Лига Европа, во кој вицешампионот на Србија со гол на крајот од дуелот го освои единствениот бод во групата (2:2).

Макаби од Хаифа, вториот израелски претставник во лигите на УЕФА, двапати беше домаќин во Будимпешта и еднаш на Кипар. Во главниот град на Унгарија ќе ја пречека и Фиорентина во првиот осминафинален натпревар од Конференциската лига на 7 март.

Во Унгарија последните натпревари од квалификациите за Европското првенство ги играше и репрезентацијата на Израел. Исто така, Израел на стадионот Ујпешт во Будимпешта ќе го пречека Исланд во баражот за пласман на ЕУРО 2024.

На натпреварите помеѓу Макаби Хаифа и репрезентацијата имаше околу 2.000 навивачи.

Share
Scroll to Top