Косово без првите ѕвезди во четврток во Скопје

пред 4 години

Капитенот на фудбалската селекција на Косово, Амир Рахмани кој е соиграч на Елиф Елмас во Наполи е позитивен на коронавирус. Оваа вест стигна денеска, по само еден час откако косовската Федерација објави дека и напаѓачот Ведат Муричи (поради неизлечена повреда) нема да биде на списокот на фудбалери кои во четврток на арената „Тодор Проески“ во Скопје ќе и се спротивстават на Македонија во полуфиналниот бараж дуел од Лигата на нации. Од претходно е познато дека на мечот со нашата селекција Косово ќе биде и без Милот Рашица, играчот на Вердер кој е задолжен за креација на нападите. Тројцата клучни играчи во таборот на Косово нема да бидат дел од дуелот во главниот град со што се олеснува работата за Пандев и другарите да обезбедат влез во бараж финалето и да се доближат на еден чекор до пласман на ЕП. Натпреварот меѓу Македонија и Косово во Лигата на нациите е в четврток од 20:45 часот. LATEST: Amir Rrahmani positive on #COVID19 . Get well soon captain. ? pic.twitter.com/sPsd1iq1cN — Kosovan Football ?? | ? (@kosovanfooty_EN) October 6, 2020

Share
Scroll to Top