Кошаркарите на Вориорси, Нетси и Никси мора да се вакцинираат

Кошаркарите на Вориорси, Нетси и Никси мора да се вакцинираат

пред 3 години

Кошаркарите на Голден Стејт Вориос, на Њујорк Никс, но и на Бруклин Нетс ќе мораат да бидат вакцинирани за да можат да настапат на домашните НБА натпревари, одлучи водството на лигата, за што известија американските медиуми.

Според новите одредби кои се на сила во Сан Франциско и Њујорк, сите лица постари од 12 години мора да бидат вакцинирани за да можат да влезат во одредени објекти, меѓу кои се и салите „Chase Center“ во Сан Франциско, „Madison Square Garden“ и „Barclays Center“ во Њујорк.

Ослободени од оваа обврска ќе бидат сите кои не смеат или не сакаат да се вакцинираат од оправдана медицинска причина, или, пак, од религиозни побуди.

Интересно е што од овие одредби се исклучени членовите на екипите кои ќе гостуваат во тие спортски сали.

Според пишувањето на спортскиот портал „The Athletic”, секој играч кој нема да биде на располагање поради тоа што не е вакциниран, може да биде казнет со намалување на платата, но му се заканува и дополнителна парична казна, па дури и суспензија.

Новата сезона во НБА лигата започнува на 19. октомври.

Share
Scroll to Top