Трка полна со инциденти се возеше на патеката во Бахреин ова попладне. На триумф се радуваше шампионот Луис Хамилтон, но се чини дека победата е во сенка на инцидентите кои ја следеа трката. Грожан уште во првиот круг доживеаја страшна несреќа. Се удри во заштитната ограда, по што неговиот болид се преполови и се запали. За негова среќа, првичните информации се дека помина само со мали изгореници. Се возеше седмиот круг од трката, која доживеа голем прекин додека се исчисти патеката по нсреќата на Грожан, па возачот на Рејсинг Поинт, Ленс Строл по еден судир со Квјат ја заврши трката со превртен болид. Неговиот клупски колега, Серхио Перез исто така имаше лош ден во Бахреин. На 3 круга до крајот се запали неговиот мотор, па мораше да го паркира болидот и на тој начин остана без бодови. Хамилтон извози колку што е потребно за нова победа, беше лидер од почеток до крај. Ја прослави 11-тата победа сезонава. Втор низ целта на трката во Бахреин заврши Макс Ферстапен од Ред бул. Александер Албон се искачи на подиум, по вторпат во кариерата. Денешната трка ја заврши како трет. Хамилтон, Ботас и Ферстапен се првите тројца во генерален пласман, а до крајот на оваа сезона преостануваат уште две трки.
Кошмарна трка во Бахреин, триумф на Хамилтон, Грожан извади „жива глава“
пред 4 години