Кошмарно деби за Сем Алардајс на клупата на ВБА

Кошмарно деби за Сем Алардајс на клупата на ВБА

пред 3 години

Вест Бромвич Албион вечерва играше на домашен терен, со нов менаџер, но претрпе убедлив пораз од Астон Вила, со 0-3.

Сем Алардајс немаше деби за паметење на клупата на премиерлигашот пред се затоа што неговиот клуб мораше уште од 36 минута да игра со човек помалку на терен. Ливермор имаше непромислен старт, заработи црвен картон што значеше агонија за домашниот тим.

Но уште од 5. минута работите не стоеја добро за ВБА. Ел Гази погоди за гостинско водство од 1-0.

Имаа гостите од „Вила парк“ и поништен гол во 72 минута (офсајд), но демотивираниот противник го дотолчија со двата гола во финишот.

Најпрво Траоре во 84, а 3 минути подоцна повторно Ел Гази, овојпат од пенал за убедливи гостински 0-3.

Со овој пораз ВБА останува на претпоследната позиција со само 7 бода на 14 меча, во грчевита борба за опстанок.

Астон Вила, пак, со трите бода се искачи на 9. позиција на табелата во ПЛ.

Share
Scroll to Top