Кој е тука „фејкер“? Томљановиќ и Остапенко во бурна расправија

Кој е тука „фејкер“? Томљановиќ и Остапенко во бурна расправија

пред 3 години

Јелена Остапенко и Ајла Томљановиќ беа вклучени во вербална расправија по крајот на нивниот меч на Вимблдон вчера, кога Томљановиќ ја обвини Остапенко за намерно лажење дека е повредена кога таа повика физиотерапевт по осум загубени гема.

Австралијката Томљановиќ, на крајот победи со 4:6/6:2/6:2, но беше лута во последниот сет, кога Остапенко го повика физиотерапевтот на 0:30 по седум загубени гема.

„Знаете дека лаже така? Дали мислите дека сите работи беа добри час и половина, но сега одеднаш има повреда?“, го праша судијата Томљановиќ.

По мечот, дискусијата продолжи.

„Ако мислиш дека лажам, зборувај со физиотерапевтот“, порача 24-годишната Летонка.

„Се надевам дека се чувствуваш подобро“, одговори Томљановиќ саркастично, пред Остапенко да и врати: „Твоето однесување е ужасно. Не почитуваш никого“.

28-годишната Томљановиќ, која е родена во Хрватска, во осминафиналето ќе игра со британската тинејџерка Ема Радучану, но не престана да зборува за Остапенко.

„Сум била во ситуации кога медицинскиот тајмаут се користи за да се попречи ривалот, обично кога губат многу. Таа ме да каже дека е повредена, но не верувам. Беше јасно дека сака да ми пречи. Ако си повреден, чекаш да заврши гемот, а потоа викаш лекар, а не кога твојата противничка сервира. Срамно однесување од некој кој е гренд слем шампион, бидејќи децата го гледаат тоа“, додаде Томљановиќ.

Share
Scroll to Top