Кој му дава да шутира? Санчез има осум утнати пенали од 12 обиди!

Кој му дава да шутира? Санчез има осум утнати пенали од 12 обиди!

пред 3 години

Ако Алексис Санчез го постигнеше пеналот на стартот на мечот против Сампдорија, мечот можеше да има поинаков исход (2:1 пораз за Интер), но зачудувачки е зошто Антонио Конте воопшто му дозволи да шутира пенал, откако тој има утнато 8 пенали во 12 обиди за клубовите за кои настапувал и за чилеанската репрезентација.

Санчез постигна гол од пенал за Интер против Бреша минатата сезона, има три гола од пенал за Арсенал, но и утки за Чиле, Арсенал, Манчестер јунајтед, и секако „нераѕурите“. Во Удинезе и Барселона, можеби умно, не му давале да шутира пенал. Сепак, да бидеме искрени, еден негов гол од пенал беше многу важен – тој за Чиле во финалето на Копа Америка против Аргентина за освојување на титулата во 2005 година.

Со неочекуваниот пораз од Самп, се прекина низата од осум победи на Интер, и се пропушти шансата да се преземе првото место на табелата по поразот на Милан од Јувентус во дербито.

Share
Scroll to Top