Крадецот ја погреши метата – се обиде да го ограби „Црниот ѕвер“ (видео)

Крадецот ја погреши метата – се обиде да го ограби „Црниот ѕвер“ (видео)

пред 4 години

Американскиот ММА борец Дерик Луис попознат како „Црниот ѕвер“ кој живее во Хјустон бил мета на еден локален крадец кој се обидел да краде во неговиот автомобил.

Луис го фатил арамијата на лице место, а според видеото објавено на Инстаграм, се чини дека и самиот се обидел да го „воспита“ крадецот.

На една фотографија Луис ја фотографирал десната дланка (тупаница) на која има модринка од удирање. До неа пишува „Задоволство, но потоа стои и „Тој е добро“.

На новата фотографија се гледа како полицијата го носи разбојникот притоа веројатно спасувајќи го од уште поголем ќотек.

„Се.кото се обиде да изврши разбојништво во мојот автомобил“ вели Луис во видеото како доказ.

„Црниот ѕвер“ е еден од најопасните борци во светски рамки, познат е како снажен нокаутер, а наскоро треба да се бори за шампионски појас со Францис Нгану кој веќе го има победено.

Share
Scroll to Top