„Кралевите“ не се даваат – Реал по луд меч избори „мајсторка“ со Ефес

„Кралевите“ не се даваат – Реал по луд меч избори „мајсторка“ со Ефес

пред 3 години

Реал Мадрид го доби и вториот домашен меч против Анадолу Ефес, овојпат со 82:76 за да обезбеди мајсторка за влез на Фајнал фор турнирот во Евролигата, која ќе се игра во Истанбул на 4 мај.

Реал направи дури 17 поени разлика на стартот на мечот (17:0), пред потоа да доживее колапс во втората четвртина и да губи со 16 поени, за уште еднаш да направи камбек во интересна завршница на мечот.

Гаруба имаше 23 поени и 12 скока, Керол додаде 20, а Љуљ заврши со осум, додека кај Ефес Бобоа имаше 23, а Шејн Ларкин повторно беше одличен со 22 поени и 8 асистенции. Сега на Реал им преостанува да направат историја – ниту еден клуб се нема вратено од 0:2 во овој систем на натпреварување во Евролигата.

Засега, на Фајнал фор турнирот се пласираше шампионот ЦСКА Москва по елиминацијата на Фенербахче – Барселона има 2:1 предност против Зенит, додека Олимпија Милано води со 2:1 против Баерн Минхен.

Share
Scroll to Top