Крај на сезоната за Азар, ќе го пропушти и ЕУРО 2020

Крај на сезоната за Азар, ќе го пропушти и ЕУРО 2020

пред 3 години

Еден Азар минува низ најтешкиот период во кариерата. Белгиецот, во саботата се врати во тимот на Реал, одигра 15 минути против Елче, а два дена подоцна клубот објави дека тој повторно се повредил. Ова е четврта повреда за Азар од почетокот на сезоната.

Она што загрижува е информацијата дека тој ќе мора да замине на операција. Медиумите во Шпанија и Белгија, тврдат дека Азар, мора да оди на операција на стапалото, дека за него сезоната е завршена и дека веројатно ќе го пропушти Европското првенство.

Реал, за Азар, на Челси им плати 120 милиони евра. Бегиецот за 18 месеци одиграл само 36 натпревари, на кои постигнал четири гола и забележал седум асистенции.

Share
Scroll to Top