Кристијано Роналдо наполни 40 години

Кристијано Роналдо наполни 40 години

пред 9 часа

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, оваа среда полни 40 години.

Роден на островот Мадеира, тој ја започна својата кариера во младинските школи на локалните клубови Адорињо и Национал, каде во 1997 година, како 12-годишник, беше забележан од лисабонскиот гигант Спортинг.

Набргу по неговото деби за првиот тим во 2002 година, брилијантниот настап на пријателскиот натпревар против Манчестер Јунајтед го привлече вниманието на Сер Алекс Фергусон, кој веднаш го донесе на Олд Трафорд.

Во текот на шест сезони, тој постигна 118 гола во 292 натпревари и освои девет трофеи, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите, сепак, тој го достигна својот врв во Реал Мадрид, за кого одигра 438 натпревари за девет години и постигна импресивни 450 гола.

Со Мадрид освои 15 трофеи, вклучувајќи четири Лига на шампиони, но само две титули во Ла Лига.

Потоа четири години играше за Јувентус и на 134 натпревари постигна 101 гол, но со „Старата дама“ не успеа да ја освои Европа.

Тој неочекувано се врати во Манчестер Јунајтед во 2021 година, блескајќи во првата сезона со 24 гола, но новиот тренер Ерик тен Хаг немаше доверба во него и го напушти Олд Трафорд во јануари 2022. Потоа се пресели во Саудиска Арабија, каде Ал Наср му понуди плата од 200 милиони евра годишно. На 95 натпревари постигна 87 гола и се уште дава голови.

Роналдо е светски рекордер по бројот на настапи и голови за репрезентацијата, со 217 настапи и 135 голови, а со Португалија го освои и ЕВРО 2016 година.

Петкратниот освојувач на „Златната топка“ за најдобар фудбалер во светот е рекордер во Лигата на шампионите и ЕУРО по број на настапи, голови и асистенции.

Тој е еден од ретките играчи со повеќе од 1.200 одиграни натпревари и најдобар стрелец на сите времиња со повеќе од 900 гола (924. го постигна во понеделникот) во сениорската кариера.

Share
Scroll to Top