Крис Сајборг го одбрани шампионскиот појас во перо категоријата во Белатор. Во борбата за појасот таа со „давење“ во втората рунда ја победи Арлин Бленков.
Оваа победа ја стави Сајборг во самиот врв на ММА спортот.
Таа е првиот борец во историјата, во машка или женска категорија, која успеала да го одбрани шампионскиот појас во четири елитни ММА организации.
35-годишната Бразилка покрај титулите во Стајкфорс, Инвикта, УФЦ и Белатор има и два златни медали од светското првенство во бразилската џиу-џицу.
…And Still! Congratulations to @criscyborg on her first @BellatorMMA title defense at #Bellator249 pic.twitter.com/SwLJjNjJsd
— Scott Coker (@ScottCoker) October 16, 2020