Роналд Куман, тренерот на Барселона, по триумфот над Уеска (1:0), потенцирал дека на неговиот тим му е потребо засилување во нападот. На прес-конференцијата по натпреварот тој повторил дека не му е жалшто го отпуштил Луис Суарез кој блескаво дресот на Атлетико Мадрид.
„Потребен ни е играч кој може да приготвува шанси и да постигнува голови. Потребен ни е играч кој може да биде опсан во противничкиот шеснаесетник. Ќе видиме дали можеме да најдеме таков играч“, рекол Холанѓанецот.
Куман, во летниот преоден рок, во договор со клупските челници му врачи отказ на Луис Суарез. Уругваецот од почетокот на сезоната има постигнато девет гола. На последните три натпревари за Атлетико постигна три гола и забележа две асистенции.
Барселона наредниот меч во Ла Лига ќе го одигра во среда, кога ќе му гостува на Атлетик Билбао.