Куман кон претседателските кандидати: Доста зборувате за Меси

пред 3 години

Роналд Куман им порача на претседателските кандидати кои се подготвуваат за изборите во јануари, да престанат со коментарите околу иднината на Лионел Меси, откако последните шпекулации велат дека Пари Сен-Жермен сметаат дека веќе го убедиле Аргентинецот да се пресели во Лига 1.

Тренерот на Барса зборуваше откако преодниот претседател на клубот, Карлос Тускетс изјави дека клубот требало да го продаде Меси во текот на летото, кога легендата на клубот се обиде да издејствува трансфер со слободен трансфер. И кандидатите за претседател се јавија со свое мислење за 33-годишниот Меси – дел од нив со ветувања дека ќе го заддржат. Куман вели дека тоа мора да сопре.

„Сите ја знаеме ситуацијата со Лео. Ако има некој што треба да каже, тоа е самиот Лео, а другите коментари се неважно и не ме интересираат. Нека си ги даваат коментарите внатре во клубот и нека не остават да си ја завршуваме работата. Неколку пати кажав дека не се мешам во работата на претседателските кандидати и дека не знам што ќе се случи по изборите. Сега, фокусот мора да е на натпреварите“, вели Куман.

Share
Scroll to Top