Куман: Реал ќе бидат силно мотивирани

Куман: Реал ќе бидат силно мотивирани

пред 3 години

Роналд Куман, тренерот на Барселона, очекува дуелот против Реал да биде исклучително тежок за неговиот тим. Ел Калсико ќе се одигра утре на „Ноу Камп“.

Барселона во дербито влегува по победата над Ференцварош во Лигата на шампионите (5:1). Трети дена претходно тимот на Куман беше поразен од Хетафе (1:0). Од друга страна Реал има два порази на последните две средби кои ги одигра во Мадрид.

„Играчите на Реал и Барселона имаат многу искуство. Не очекувам на теренот да истрча „ранет“ противник. Сигурен сум дека играчите на Реал ќе имаат голема мотивација. Нашите противници имаат голем квалитет, сигурно е дека нема да ни остават многу простор. Важно е дали ќе игра Серхио Рамос, тој има големо влијание во играта на Реал“, рекол Куман.

Холандскиот тренер повторно морал да одговори на прашање поврзано со Антоан Гризман.

„Не е добро пред секој натпревар да зборуваме за неговата улога. Постојат и други фудбалери, на крајот важно е само како ќе изгледа тимот. Имам одредени тактички замисли, ќе изберам фудбалери за кои сметам дека ќе ни го донесат посакуваниот резултат“.

Ел Класко на „Ноу Камп“ ќе започне во 16 часот, главен судија ќе биде Мартинез Мунуера.

Share
Scroll to Top