Куман се сретна со претседателот на Барса, разговорот траеше само пола час

Куман се сретна со претседателот на Барса, разговорот траеше само пола час

пред 3 години

Иако шпанските медиуми очекуваа Роналд Куман денеска да добие отказ од позицијата тренер на Барселона, тоа не се случи откако неговиот состанок со претседателот на клубот Жоан Лапорта заврши по само половина час.

Според „Марка“, јасно е дека на состанокот има нов предлог од страна на претседателот, за кој двете страни треба да се согласат, а најверојатно се однесува за потенцијалното кратење на платата на холандскиот стручњак, кој има уште една година од неговиот договор со каталонскиот клуб.

Лапорта јасно кажа дека е потребен нов „циклус“ во Барселона, но многу прашања остануваат неразјаснети – позицијата на Куман, останувањето на Лео Меси, буџетот за засилувања ова лето. Ќе биде бурно во Каталонија…

Share
Scroll to Top