Лампард не знае за доста, го сака Дибала во Челси

Лампард не знае за доста, го сака Дибала во Челси

пред 4 години

Челси има сериозни намери наредното лето да го донесе на „Стемфорд Бриџ“ играчот на Јувентус Паоло Дибала тврдат италијанските медиуми. Аргентинецот е под договор со „страта дама“ до 30 јуни 2022 година. Јувентус се обидува да го продолжи договорот со Дибала, но досега сите обиди не биле успешни.

Според овие извори Челси внимателно ја следеле ситуацијата и биле подготвени да влезат во преговори со Јувентус и менаџерите на Дибала.

Дибала кариерата ја започнал во Кордоба, во родната Аргентина, а во Јувентус пристигна во 2015 година од Палермо.

Инаку, Челси биле заинтересирани и за Лаутаро Мартинез, но соиграчот на Дибала од аргентинската репрезентација рекол дека не го интересира понудата од Лондон.

Share
Scroll to Top