Лапорта: Ако не станам претседател, Меси ќе си отиде од Барселона

Лапорта: Ако не станам претседател, Меси ќе си отиде од Барселона

пред 3 години

Поранешниот претседател на Барса, и еден од трите кандидати за враќање на оваа позиција на изборите овој месец, Жоан Лапорта, вели дека Лионел Меси ќе си замине од клубот доколку токму тој не победи на изборите.

Меси се обиде да си замине со раскин на договорот минатото лето, но на крајот се согласи да ја одигра последната година од неговиот договор, и сега се чека летото да се види дали ќе заврши неговиот 16-годишен престој на „Ноу Камп“ со наводни понуди од Манчестер сити и Пари Сен-Жермен.

Лапорта смета дека тој ќе биде убеден да остане, но само ако тој ги победи Виктор Фонт и Тони Фреича на 8 март и повторно стане претседател на Меси.

„Сигурен сум дека ако некој друг победи на изборите, Меси нема да остане во клубот. Имам фантастичен однос со него, со огромно почитување. Ќе му дадеме понуда според ситуацијата на клубот. Можеби не можеме финансиски да ги израмниме другите понуди, но Меси не се движи со парите“, вели Лапорта.

Share
Scroll to Top