Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта беше воодушевен по синоќешниот триумф на својот клуб против Атлетик Билбао и освојувањето на Копа дел Реј. Барса по две години освојува трофеј иако некогаш тоа беше нормална работа за клубот од Каталонија.
Во изјава по мечот Лапорта рече дека е уверен дека Лео Меси ќе остане на „Ноу Камп“ до крајот на кариерата.
„Лео е најдобриот светски фудбалер! Многу е важен за клубот. Убеден сум дека сака да остане, ќе направиме се што е во наша моќ така и да биде. Во овој меч видовме дека е опкружен со одлични играчи. Тимот играше многу добро, среќен сум поради нив. Се надевам дека ова е само првиот од многуте трофеи што ќе ги освоиме“ рече претседателот на Барселона.
Инаку, Меси кој синоќа постигна 2 гола и имаше асистенција стана првиот играч кој за 119 години во Купот на Кралот тресел мрежи во седум различни финалиња од ова натпреварување.