Лапорта: Ќелавиот нè предаде, ни збоде нож во грб

Лапорта: Ќелавиот нè предаде, ни збоде нож во грб

пред 2 часа

Претседателот на Барселона ,Џоан Лапорта, изјави дека е разочаран од заминувањето на еден од талентите од „Ла Масија“, Дро Фернандез.

Дро помина низ фудбалската школа на Каталонците, играше за „Б“ тимот, дебитираше за првиот тим, но, на изненадување на многумина, претежно луѓе од клубот, на крајот на јануари направи пресврт во кариерата и се пресели во Пари Сен Жермен.

Парижаните им платија на Каталонците осум милиони евра за суперталентираниот играч и добија потенцијално нова ѕвезда.

Лапорта заминувањето на Дро го нарече „предавство“. За трансферот го обвини неговиот менаџер, поранешниот фудбалер на Барселона, Иван де ла Пења.

Де ла Пења, ги имаше најдобрите денови од својата кариера во таборот на градскиот ривал на Барса, Еспањол, каде што помина девет полни сезони.

„Заминувањето на Дро беше како некој да ни забоде нож во грб. Се чувствував предаден од Иван. Со Жорж Мендеш успеавме да го задржиме Ламин (Јамал), додека поради „ло пелат“ („ќелавиот“, прекарот на Иван де ла Пења), Дро отиде во ПСЖ. Да му беше Жорж Мендеш менаџер на Дро, ова немаше да се случи“, рече Лапорта за време на интервјуто за емисијата „Гихантес“.

Претседателот на Барселона во заминување, кој ќе се кандидира за четврти мандат на чело на клубот, нема добро мислење за Де ла Пења, особено поради фактот што тој е играч кој одиграл над 100 натпревари за „Блауграна“.

Foto/ depositphotos

Share
Scroll to Top