Дефанзивецот на Манчестер сити, Америк лапорт, реши да го смени спортското државјанство. Фудбалерот кој ги минал сите младински селекции во француската репрезентација, нема настап за оваа репрезентација, поради што решил во иднина да игра за Шпанија.
Шпанските медиуми објавија дека Лапорт добил пасош и дека ФИФА му одобрила да игра за Шпанија.
Како сега стојат работите Лапорт ќе биде дел од шпанската репрезентација која ќе се натпреварува на ЕУРО 2020.
Лапорт има 18 настапи за У-21 селекцијата на Франција, три пати бил повикан во најсилниот тим на „триколорите“, но немал можност да дебитира.