Лацио на неверојатен начин го претстави новиот тренер Маурицио Сари

Лацио на неверојатен начин го претстави новиот тренер Маурицио Сари

пред 3 години

Маурицио Сари во наредните две сезони ќе биде тренер на Лацио. Клубот го потврди ангажманот на 62-годишниот тренер без да го спомне неговото име. На социјалните мрежи, Лацио објавија емотикон на запалена цигара. Познато е дека Сари е страстен пушач, тој во јавноста ретко може да се забележи без цигара.

„Дневно пушам по 60 цигари, веројатно и некоја повеќе. Додека трае натпреварот немам потреба да запалам цигара, но откако ќе заврши тоа е задолжително“, рекол Сари во една прилика.

Маурицио Сари е поранешен тренер на Емполи, Напили, Челси и Јувентус. Со Челси ја освои Лига Европа, а со Јувентус Серија А.

Сари го презеде Лацио од Симоне Инзаги кој се пресели во Интер.

Искусниот тренер со Лацио ќе потпише двегодишен договор. По сезона ќе заработи шест милиони евра.

 

Share
Scroll to Top