Кротоне двапати израмнуваше, но на крајот Лацио успеа да слави со 3:2 во првиот меч од 27. коло во Серија А во необичен петочен попладневен термин.
Сергеј Милинковиќ-Савиќ ги донесе „лацијалите“ во водство веќе во 14. минута, но Нигериецот Сими израмни во 29. минута. Лацио отиде на одмор со 2:1 водство по голот на Луис Алберто, пред Сими повторно да израмни, овојпат во 50. минута со гол од пенал. Трите поени за тимот на Симоне Инзаги ги обезбеди замената Фелипе Каиседо во 84. минута од мечот.
Лацио се седми на табелата со 46 поени, четири поени далеку од топ 4 пласман и Лига на шампиони, додека последнопласираниот Кротоне има само 15 поени, седум под безбедната зона во Серија А.